Заедничко читање сликовници во Детскиот центар во МКЦ

Од:

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ денеска во Детскиот креативен центар при МКЦ – Скопје организира заедничко читање сликовници.

Настанот е наменет за ученици на возраст до 10 години, како и за возрасните кои би сакале да го посетат центарот и да се забавуваат со активностите за поттикнување на јазична и математичка писменост кај децата.

Покрај заедничкото читање сликовници, сите посетители ќе имаат можност да ги користат ресурсите и активностите кои се достапни во центарот, како што се: библиотека со детска литература, џиновски сликовници, компјутери и интерактивни табли, математички игри, катчиња за читање, ликовно атеље и многу други.

Детскиот креативен центар е обновен и опремен во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје