Според информација од ДГ Бетон АД, на делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник од 04-ти до 12-ти ноември се изведуваат градежни работи од 09:00 до 16:00 часот. Во овие периоди патот е затворен за сообраќај. Поради тоа, сите кои ќе патуваат кон Маврово ќе треба да го користат другиот патен правец преку Леуново и Никифорово.
Од 27.10.2014 година воведени се нови термини за одвивање на сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски брод низ Јасен.
– во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 07:30 до 08:30 и од 14:30 до 15:30 часот.
– во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 06:00 до 07:00 и од 16:00 до 17:00 часот.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
– Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула – до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
– На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.
– На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.
– Од ГЕИНГ инжинеринг информираат дека за проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:
– на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак
– на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево
– на државен пат Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)
– на државен пат Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево
– на државен пат Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани
Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.