Самарас предупреди на пораст на тензиите во источниот Медитеран

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека зголемувањето на тензиите во источниот Медитеран ќе биде „многу негативен развој“, осврнувајќи се на континуираното присуство на турски сеизмички брод во близина на јужниот брег на Кипар.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во интервју за кипарската телевизија „Сигма“ и весникот „Симерини“, Самарас, кој денеска е во посета на Никозија, истакна дека сега се потребни претпазливост, трпение и упорност.

– Она што секогаш победува во меѓународната политика е долгорочно планирање, а не спазматични реакции, рече тој.

Грчкиот премиер истакна дека за Грција е важно да продолжи со напредокот кон економско закрепнување за да избегне да стане „слаба алка во дестабилизираниот Блиски Исток“.

– Нема сомнеж за нашите суверени права, тие се неотуѓиви, рече Самарас и го истакна значењето на поддршката за Грција од страна на други народи.

– Во меѓународната политика, на шаховската табла каде што се сите земји, не е доволно да се биде во право, туку да се има соодветна поддршка ако треба да те оправдаат, изјави грчкиот премиер.

Самарас денеска ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Анастасиадес, а потоа двајцата ќе заминат во Каиро на трилатерални разговори со египетскиот претседател Абдел Фатас ел-Сиси, кои се очекува да се фокусираат на соработка во областа на енергијата во источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит