Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“- Битола освои десет награди на интернационалниот ликовен фестивал за деца и младинци, што синоќа заврши во финскиот град Хивинка.
Според раководителот на студиото, Коста Хаџиантоновски освоените одличја се надополнуваат на исклучително успешната година на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ чии членови од секој меѓународен фестивал се враќаат со награда.
– Во Финска пријавивме 50 цртежи на слободна тема и мотиви од битолската архитектура. На 15-тата меѓународна ликовна манифестација учествуаа деца и младинци од 74 држави, а нашите членови освоија 10 одличја, односно највисоките награди на фестивалот. Со оваа информација што утрово пристигна во нашето студио од фестивалот во Финска кој синоќа заврши во Хивинка, всушност се заокружува исклучително успешна година и со бројни награди за нашите членови, посочи Хаџиантоновски.
Членовите на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ – Битола кои воедно се учесници на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“, во текот на оваа година беа наградени на фестивалите во НР Кина, Португалија, Полска, Индија, Бугарија, Србија и во други држави, а наградените ликовни творби и одличјата ќе бидат претстевени на посебен промотивен настан кон крајот на оваа година, потврди Хаџиантновски.