Во односите со Русија Полска ќе се стреми да ги задржи контактите во оние сфери, во кои тоа е можно, изјави министерот за надворешни работи на земјата Гжегож Схетина, пренесува ТАСС.
– Конфликтот во Украина против наша волја доведе до влошување на односите со Русија, како во економска, така и во политичка сфера. Ние не сакама да водиме дијалог со санкции, но не гледаме друг начин да ја принудиме Москва да го промени деструктивниот за цела Европа приод кон Украина, изјави министерот.
Критичната проценка на руската политика не го менува фактот, дека ние остануваме соседи и економски партнери. Сметаме дека полско-руските односи можат да бидат добри и ќе продолжиме да ги оддржуваме каналите за комуникација со Русија, истакна Схетина.
Според него освен украинската криза на билатералните односи се одразува и прашањето за истрагата за авионската несреќа кај Смоленск, во која во 2010 година загина полскиот претседател Лех Качински и голем број истакнати полски политичари.