Маринецот кој го уби Бин Ладен ќе го открие својот идентитет

Од:

Американскиот маринец кој го уби најбараниот терорист во светот Осама бин Ладен одлучи да го открие својот идентитет, разочаран поради губењето на здравственото осигурување и пензијата поради порано напуштање на воената служба.

Припадникот на одредот Морнарички фоки (Navy SEAL) ќе има големо интервју за Фокс њуз овој месец.

Британски „Дејли мејл“ веќе дојде до сознание дека се работи за Роб О’Нил повеќепати одликуван ветеран кој армијата ја напуштил по 16 години служба.

О’Нил (38) бил член на познатиот тим шест на Морнаричките фоки, кој во Пакистан во 2011 учествуваа во акција во која беше ликвидиран Бин Ладен.

Тој американски маринец учествувал во повеќе од 400 борбени мисии и во кариерата бил одликуван 52 пати. Одлуката на О’Нил да открие дека токму тој го убил Бин Ладен, предизвика гнев во седиштето на Морнаричките фоки кои најавија тужба, како и во Пентагон.

Во ексклузивното интервју за британскиот весник неговиот татко Том О’Нил рече дека ниту тој, ниту неговиот син не се загрижени дека заради тоа би можеле да бидат на мета на екстремисти.

Во специјална емисија на Фокс њуз, насловена „Човекот кој го уби Осама бин Ладен“, О’Нил ќе зборува за својата одлука и деталите од мисијата во која беше убиен првиот човек на Ал Каеда.

Лани тој имаше интервју за магазинот Ескваер во кој идентитетот не му беше обелоденет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија