Како да ја подобрите интелегенцијата на своето бебе во бременоста?

Од:

Повеќе истражувања досега покажаа дека неродените бебиња имаат сособност да преработат и запомнат одредени информации, кои доаѓаат од надворешниот свет, а тоа се постигнува благодарение на стимулацијата на невроните во мозокот.

Работите кои треба да ги преземат идните мајки за подобрување на когнитивниот развој на детето во стомакот се секојдневни и вообичаени, а експертите ги издвојуваат следниве:

Вежбајте редовно

Верувале или не физичката активност на бремените жени е поврзана со развојот на интелегенцијата кај бебињата. Имено мајките кои остануваат во форма развиваат постелка со поголеми димензии, поради што бебето добива повеќе кислород и хранливи материи, а полесно го исфрла вишокот материи. Тоа има големо влијание врз невролошкиот развој, истакнуват експертите.

Конзумирање витамини

Пренаталните витамини во кои спаѓа и фолната киселина го спречува развојот на невролошките пореметувања и проблемите со ‘рбетниот мозок. Научните истражувањата покажаа дека мајките кои во бременоста не внесувале доволно витамини имале двојно поголем ризик да родат бебе со аутизам.

Јадете риба и лен

Овие намирници содржат Омега 3 масни киселини ДХА и ЕПА, кои се познати како многу ефикасни за развојот на мозокот.

Разговарајте со вашето бебе

Без оглед на тоа дали разговарате директно со детето или на глас читате некое книжевно дело ова треба да го започнете веднаш откако ќе откриете дека сте бремени. Тоа ќе помогне во развојот на говорните вештини и ширење на вокабуларот, а освен тоа ќе се зголемите веројатноста дека вашето дете ќе стане љубител на пишаниот збор. Покрај разговорите и читањето треба да се додаде и слушањето музика, пеењето и рецитирањето стихови.

Намалете го нивото на стрес

Мајчиниот стрес може да влијае врз развојот на бебето и да предизвика предвремено породување, што негативно влијае на развојот на мозокот. Свртете се кон позитивните работи и бидете насмеани заради своето бебе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска