Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл Лајтнер оцени дека исламистите претставуваат државен непријател за Австрија.
Таа во обраќање во парламентот, објасни дека досега на џихад од Австрија се заминати 154 луѓе, а само во оваа година 54. Микл-Лајтнер изнесе податоци дека од 26 џихадисти се убиени во Сирија и дека 64 се вратиле во Австрија и оти се под присмотра на надлежните власти бидејќи според неа, тие може да бидат „темпирани бомби“.
– За нас исламистите се државни непријатели бидејќи го напаѓаат нашиот систен на вредности. Тие газат врз нашите демократски основни вредности, нагласи таа.
МВР на Австрија според неа, се фокусира на борба против тероризам во социјалните медиуми каде исламистите постојано се обидуваат да регрутираат млади луѓе. Објасни дека е потребно и во градинките и школите да се поттикне свест за проблемот со радикализација на младите.