Ирак не сака странски војници на своја територија во борбата против ИД

Од:

Ирак не сака на негова територија да бидат распоредени странски војници во борбата против џихадистичката групација Исламска држава, но е подготвен да прифати странски инструктори за обука на неговите вооружени сили, изјави ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари, по средбата во Анкара со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Турскиот министер, пак, истакна дека Турција е подготвена да ги обучува и опреми ирачката армија и полиција.

Односите меѓу Турција и Ирак се затегнаа изминатите месеци, откако курдскиот полуавтономен регион во Ирак почна да и продава нафта на Турција без дозвола на централните власти.

Владата во Багдад тврди дека единствено таа има право да ги произведува и продава ирачките природни ресурси.

Турција пред неколку дена им овозможи на околу 150 курдски борци од Ирак да прeминат преку нејзина територија во Сирија, каде се вклучија во одбрана на курдскиот град Кобане, кој  е под опсада од борците на ИД.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак