Рускиот претседател, Владимир Путин втора година по ред го победи американскиот колега, Барак Обама на ранг листата на најмоќни светски лидери, која ја објави американски магазин „Форбс“.
Путин остана на самиот врв на најмоќни, во година во која што Русија го присоедини Крим, влезе во судир со Украина и со Кина потпиша договор за гасовод, вреден повеќе милијарди долари, кои според „Форбс“ се најголем проект во светот. Од друга страна, Обама веќе трети пат од почетокот на претседателскиот мандат не успева да го освои епитетот најмоќен лидер.
Тој два пати „изгуби“ од Путин, а еднаш од кинескиот претседател Сји Џингпинг. Инаку третото место му припадна на Џинпинг, за кого се претпоставува дека ќе вледее во тек на деценијата, во која Кина ќе ги засени САД, како најголема економска држава во светот.
Четвртопласиран е папата Франсис, додека германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа на петото место.
Е. Г