Јацењук: Киев престанува да ги финансира Доњецк и Луганск

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека неговата Влада ќе престане да ги финансира регионите во источниот дел на земјата, кои се под контрола на проруските сили, се додека „терористите не бидат протерани од таму“.

Јацењук наведе дека Киев ќе продолжи да ги снабдува со гас и со електрична енергија Доњеската и Луганската Област за да „ги поштеди обичните луѓе“ во текот на зимата.

Јацењук на владината седница посочи, дека лидерите на проруските сили, кои прогласија независност и минатата недела одржаа сопствени претседателски и парламентарни избори, треба да се остават сами да се грижат за себеси.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион