Крис Патен остро го критикува односот на Лондон кон настаните во Хонг Конг

Од:

Последниот британски гувернер во Хонг Конг, Крис Патен остро ја критикуваше позицијата на владата во Лондон,кон продемократските протести во оваа автономна територија на кинеска почва.

Патен, кој учествуваше во дебатата во влијателната Комисија за надворешна политика во британскиот Парламент, посветена на случувањата во Хонг Конг, смета дека молчењето на Велика Британија околу овие настани и отсуството на реакција е контрапродуктивно. Тој смета дека британските министри треба да зборуваат отворено и гласно за она што се случува, а не затскриено и со половина уста.

Британската Влада досега реагираше необично мирно и резервирано во обид да не ги наруши добрите делови врски и бројните економски проекти со Кина.

Членови на британската парламентарна Комисија тврдат дека официјален Пекинг побарал од Велика Британија да не се меша во нејзините внатрешни работи, кога стануа збор за Хонг Конг.

Оваа поранешна британска колонија по 100 години управување, во 1997 година и беше вратена на Кина врз основите на политичкиот принци за „една територија – два система“.

Патен, кој сега ја има титулата лорд, беше гувернер на Хонг Конг од 1992 до 1997 година. Тој во дебатата изрази „восхитување за храброста“ на демонстрантите, нарекувајќи ги „генерација која чувствува оти и е украдена иднината“.

Според неговото објаснување, заедничката декларација на Велика Британија и Кина од 1964 година, покрај определувањето на системот на управување во автономен Хонг Конг, што треба да биде демократски и различен од оној на кинеската територија, ги потврдува и британските „легитимни интереси“ за иднината на нејзнината поранешна колонија.

Лорд Патен затоа смета дека Лондон има право да се интересира и да биде загрижен за она што сега се случува во Хонг Конг, барајќи од британската Влада да биде похрабра, онака како што тоа го прават другите, а сепак имаат силни економски врски со Пекинг.

Ова е втор пат како некогашниот британски гувернер реагира на продемократските протести. Патен претходно изјави дека демонстрациите се последица на непочитувањето на ветувањата што ги има дадено Кина, при преземањето на контролата на Хонг Конг пред 17 години.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски