Според истражувањето спроведено од агенцијата MRB, поголемиот дел од луѓето во Грција сметаат дека новите мерки за штедење се неправедни и им штетат на најсиромашните делови од општеството.
Повеќе од 90% од Грците сметаат дека планираните кастрења и рефрмите се неправедни и претставуваат оптоварување за сиромашните, покажува истражувањето.
Сепак, 67% од испитаниците сакаат Грција да остане во еврозоната, додека 83 проценти очекуваат нови мерки за штедење во годините кои доаѓаат.
Досега владата на Грција постигна договор за 9,5 милијарди евра намалување на потрошувачката, од кои повеќето доаѓаа од намалувањето на платите, пензиите и социјалната помош.
Истражувањето е спроведено во периодот од 18-ти до 20-ти септември.