„BBC“: Итна мобилизација во Украина, Руси се движат кон границата?

Од:

Украинскиот претседател, Петро Порошенко наводно наредил итна мобилизација на војската во клучните јужни и источни градови, во случај проруските бунтовници да тргнат во нова офанзива.

Како што пренесе „BBC“, Порошенко по состанок со тимот за национална безбедност изјавил дека дополнителните воени единици се ангажирани за да ги штитат Мариупољ, Бердјанск, Харков и подрачјето северно од Луганск.

Според наводите тој напоменал дека не се откажува од мировниот процес кој што е договорен со Русија, но предложил укинување на клучните точки од планот, кој што е усогласен со Москва односно Луганск и Доњецк да добијат посебен статус во Украина.

Тоа всушност е реакција на Порошенко на штотуку одржаните избори и фактот што Москва во Советот за безбедност при ОН вложи вето на предложената резолуција, со која изборите би се прогласиле за нелегитимни.

Во меѓувреме ЕУ предупреди дека изборите на исток на Украина претставуваат опасност за украинскиот мир, а претставничката на ЕУ за надворешна политика Фредерика Могхерини рече дека изборите со себе носат ризик за нарушување на дијалогот помеѓу спротивставените страни во Украина.

Новиот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека руските трупи се повеќе се приоближуваат кон украинската граница.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион