Цените на нафтата на најниско ниво во последните три години

Од:

Цените на нафтата на светските берзи синоќа паднаа на најниско ниво во последниве три години, како последица на одлуката на Саудиска Арабија да ги намали цените за извоз на енергенсот на американскиот пазар.

Американска „лесна“ нафта за испорака во декември синоќа поевтини на Берзата во Њујорк за 1,59 долари на 77,19 долари за барел, што претставува нејзина најниска цена од 3 октомври 2011 година. Во текот на вчерашното тргување во Њујорк, нафтата во еден момент достигна цена од 75,84 долари за барел, но на затворањето на Берзата се стабилизира на 77,19 доалри.

Во исто време, цената на барел северноморска нафта „брент“ за декемвриска испорака на затворањето на Берзата во Лондон изнесуваше 82,82 долари, што преставува пад за 1,96 долари во однос на претходниот ден, откако во еден момент од вчерашните тргувања се намали и на 82,08 долари. Синоќешната цена на оваа нафта е најниска од 17 октомври 2010 година, кога барел „брент“ чинеше 82,52 долари.

Вредноста на енергенсот доживеа ваков пад откако Саудиска Арабија ги намали продажните цени на нафтата за САД, со цел да и конкурира на американската нафта од шкрилци.

Ријад во понеделникот соопшти дека ќе ги намали цените на енергенсот за декемвриска испорака за САД, чиј пазар бележи раст на понудата на домашна нафта од шкрилци. Саудиска Арабија, од друга страна, ја зголеми цената на нафтата што ја извезува во другите држави, пред се во Азија.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот