Кипарската централна банка ги повика големите фирми да ги вратат долговите кон банките

Од:

Кипарската економија реално може да заздрави само доколку големите фирми ги вратат своите долгови кон банките, предупреди гувернерот на Кипарската централна банка, Христала Јоркаѕи, цитирана од француските медиуми.

– Би сакала да ја искористам оваа можност за да побарам од големите фирми да ги искористат вишоците реализирани во нивните подбри години за да ги вратат кредитите и да соработуваат со своите кредитори при преструктурирањето на нивните долгови, изјави Јоркаѕи на прес конференција.

Триесетина кипарски фирми, меѓу кои има и големи градежни компании и хотели, на домашните банки им должат шест милијарди евра.

Невратените кредити се една од главните пречки за економското заздравување на Република Кипар, која во текот на март 2013 година беше потресена од сериозна криза, што земјата ја принуди да се согласи на меѓународен спасувачки план.

Кипар од меѓународните кредитори доби помош во износ од 10 милијарди евра, што на земјата и дозволи да го избегне банкротот. Во замена за помошта кипарските власти применија серија мерки за штедење и се согласија на дотогаш незабележено „кастрење“ на необезбедените депозити во двете водечки банки и искористување на овие средства за рекапитализација на Банката на Кипар.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ