Разгаленоста пред се не е добра за децата, а родителите може да ги нервира. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат вашето дете да не биде разгалено.
Научете да кажете „не“
Без оглед на тоа дека можете лесно да ги исполните желбите на детето, вежбајте да им кажете „не“. На тој начин ќе научат дека не можат секогаш да го добијат тоа што го сакаат, а со тоа повеќе ќе го ценат тоа што го имаат.
Очекувајте благодарност
Не е само поентата да ги научите децата да речат „те молам“ и „благодарам“. Секако, и тоа е важно, но би требало да ги научите да ги гледаат луѓето во очи кога зборуваат, да се поздравуваат, да не ги прекинуват возрасните во текот на разговорот. Исто така, научете ги кога ќе добијат подарок да се заблагодарат, наместо да речат: „Мене ова не ми се допаѓа“.
Научете ги да им помагаат на други
Кога на вашите деца гардеробата им биде мала или некои играчки, соберете ги работите и подарете ги. Во тој процес би било добро да учествуваат и вашите деца за на време да научат дека убаво е да се помага и да се дава на други.
Пуштете ги некогаш да паднат
На родителите не им е лесно да гледаат како детето паѓа, без оглед на тоа дали станува збор за физичко пад или некаков неуспех. Меѓутоа, важно е децата да разберат дека постапките имаат и последици. Мораат да „паднат“ за да научат како да станат и се носат со проблемите.
Не купувајте „тони“ играчки
Голем број на родители се водат со реченицата:„На кого да купувам, ако не на своето дете“. И донекаде се во право, но купувањето многу играчки нема да им помогне да научат да го ценат тоа што го имаат.
Нека ги ценат парите
Најдобар начи да почнат да ги ценат парите е тоа што ќе ги научите да штедат. Покажете им дека парите кои ги добиваат да ги стават во своите касички и објаснете им дека од заштедените пари ќе можат да ја купат играчката која ги посакуваат. Доколку децата ова го научат на најраната возраст, најверојатно ќе имаат одговорен однос кон парите и кога ќе пораснат.