Русија ја презеде одговорноста за нуклеарните објекти на Крим

Од:

Русија целосна ја презеде одговорноста за нуклеарните објекти на територијата на Крим и во пристаништето Севастопољ и е подготвена на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да и овозможи да испрати свој инспекторски тим, изјави денеска заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Александар Панкин.

Панкин на седницата на Генералното собрание на ОН посветена на работата на МААЕ со тоа одговори на тврдењето на украинската страна во дискусијата, според која „продолжението на окупацијата на Крим и Севастопољ, кои се присоединети кон Русија по референдумот во март го поткопува режимот на неширење на нуклеарно оружје“, јави ТАСС.

– Русија целосно ја презеде на себе одговорноста за нуклеарните објекти во нејзините нови субјекти. Освен тоа Руската Федерација изрази подготвеност на МААЕ, доколку биде заинтересирана, да и овозможи да изврши целосна проверка дека базниот или специјалниот материјал, кој се користи на тие објекти, не е изнесуван од нив, со исклучок на случаите предвидени со договорот меѓу СССР и МААЕ од 21 февруари 1985 година, рече Панкин.

Рускиот дипломат потсети дека Русија „во духот на отвореност и соработка“ го информирала Секратаријатот на Агенцијата за статусот на нуклеарните објекти во Крим и Севастопољ и „ги поместила на листата мирољубиви објекти, за кои е можно да се применат гаранциите на МААЕ“ во согласност со билатералната спогодба.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он