Египетскиот Висок управен суд го потврди распуштањето на парламентот избран кон крајот на 2011-та година, по одбивањето на жалбата на исламистите кои бараа поништување на одредбата на Високиот уставен суд.
„Народното собрание повеќе легално не постои по пресудата на Вискиот уставен суд од 14-ти јуни со која е одредено неговото распуштање”, се наведува во сопштението на Високиот урпавен суд во кое се додава дека „според законот ниедна судска инстанца не може да ја доведе во прашање пресудата на Високиот уставен суд”.
Новите паралментарни избори во Египет мора да се спроведат два месеца по усвојувањето на уставот кој го ставува комисијата во којашто доминираат исламистите.
Оваа комисија којашто со работата започна во јули, мора да го заврши новиот устав на Египет за најмногу шест месеци, според календарот одреден за политичката транзиција по падот на режимот на Хосни Мубарак во февруари 2011 година.
Египетскиот Уставен суд на 14-ти јуни го распушти парламентот поради делумната неуставност на законот според кој се спроведени паралментарните избори.
Исламистичкиот претседател Мохамед Морси, кој произлегува од политичкото крило на движењето Муслиманско братство, на 8-ми јули го свика распуштениот парламент кој се собра два дена подоцна во присуств на претставниците на Муслиманското братство и салафистите, додека пратениците од другите партии, особено либералните, го бојкотираа заседанието.