Моќата во ЕУ е во рацете на Берлин, сметаат аналитичарите

Од:

Најголема моќ во Европската унија, немаат ниту Брисел, ниту Париз, ниту Лондон, туку Берлин, што најдобро се потврди за време на финансиската криза во еврозоната, сметаат европски аналитичари.

– Пред падот на Берлинскиот ѕид, Германија беше границата на Европа, но сега таа е во центарот на Европа и во географска и во економска и во полиитчка смисла, смета директорoт на бриселскиот Центaр за студии по економска политика, Карел Лану.

Според него, токму Берлин е местото каде што се носат важните одлуки во ЕУ. – Во текот на финансиската криза видовме дека најважното место не е Брисел, туку Берлин, наведува Лану.

Многумина аналитичари се согласуват дека 25 години по падот на Берлинкиот ѕид, обединета Германија стана неспорен економски гигант во ЕУ, што ја довде во позиција да ја спасува еврозоната од колапс и да им помага на земјите што беа најтешко погодени од кризата.

Ханс Кунднани од берлинскиот Европски совет за надворшни работи смета дека треба повторно да се преразгледаат резултатите од падот на Берлинскиот ѕид.

– По еврокризата и дебатите за германската моќ што уследија по неа, последиците од падот на Берлинскиот ѕид пред 25 години изгледаат сосема поинаку отколку што тоа се чинеше на 20-годишнината во 2009 година, вели Кунднани, доадавјќи дека во светло на еврокрозата треба да се преиспитаат последиците на германското обединување.

Според аналитичарите, германската моќ потекнува од економскиот успех, иако во голем дел од 20-от век Германија биле сметана за „европски пациент“.

Лану оценува дека сегашната доминација на Берлин веројатно е од времен карактер, поради долгорочните проблеми со кои се соочува Германија, посебно со намалениот наталитет и број на жители.

Традиционалната европска економска локомотива што ја сочинуваат Париз и Берлин, сега подзаостанува поради стопанските слабости на Франција, која се соочува со економска стагнација и висока стапка на невработеност, смета Лану.

Некои аналитичари упатуваат критики кон Берлин, бидејќи и покрај улогата на доминантен играч на европската сцена, не покажува подготвеност да застане на чело на зедницита, пред се поради неговата воинствена историја.

Според поранешниот шеф на полската дипломатија, Радослав Сикорски најголема опасност за Европа не претставува германската агресивност, туку нејзината пасивност.

– Германија не смее да доминира со Европа, но не сме ниту да манифестира недостиг на сила за спроведување на реформите, додава Сикорски.

Наспроти ставот на Европејците дека Германија не е подготвена да игра активна улога на континетот, надвор од Европа на земјата се гледа како на најважен актер во ЕУ.

– Главен проблем е тоа што Германија во голема мерка е воздржана кон сеопфатен ангажман на глобалната сцена, што и ја спречува Европа да дејствува поактивно на меѓународен план. Германија мора да преземе поголема одговорност на меѓународната сцена, смета Лану.

Констанс Штелценмилер од вашингтонскиот Институт „Брукингс“, сепак смета дека во последно време Берлин е се поактивен на меѓународната сцена. што го покажа со својата улога во украинската и сириската криза.

– Ако пред половина година некој ми кажеше дека Германија ќе го воведе третото ниво на санкции кон Русија и дека ќе им испорачува оружје на Курдите, би му одговорила дека тоа е незамисливо, истакнува Штелценмилер.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен