Зошто есента е добра за здравјето?

Од:

Кои се предностите на есенското време?

1. Есенското овошје и зеленчук

Понудите на свежо овошје и зеленчук се големи во текот на есента. Јаболката го намалуваат холестеролот, тиквите се полни со витамиот Е, додека смоквите се вистински извор на калиум и влакна.

2. Температурите се умерени

На почетокот на есента, температурите конечно почнуваат да се намалуваат, поради тоа нема причина да се грижите од потенцијалниот топлотен удар. Температурите се умерени и токму поради тоа, прошетките, трчањето и фитнес на отворено, се многу попријатни.

3. Предности на зимското сметање на времето

На крајот на октомври, поточно на 28-от ден започнува зимското сметање на времето кое ни носи еден час повеќе сон. Постојат научни докази, објавени во „New England Journal of Medicine“, дека дополнителниот час сон го намалува ризикот од срцеви удари.

4. Луѓето родени во есен живеат подолго

 Добро е да се биде есенско дете. Истражувањето на Универзитетот од Чикаго, потврди дека луѓето родени во есенските месеци имаат повеќе шанси да ја доживеат 100-тата. Истражувањето вклучило 1.500 луѓе родени помеѓу 1880-та и 1895-та година. Откриено е дека есенските деца, родени од септември до ноември имаат поголеми шанси да доживеат 100-та, исто како и луѓето родени во месец март.

5. Започнува сезоната на топли напитоци

Нема ништо подобро од уживање во топлите напитоци кога надвор станува постудено. Зелениот чај е полн со полифенол, антиоксидант кој му помага на телото во борбата против слободните радикали.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска