Русија го блокира соопштението на ОН за Украина

Од:

Украинскиот амбасадор во ОН, Јуриј Сергејев изјави дека Русија се спротивставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите кои што се одржаа во Доњецк и Луганск на исток на Украина.

Во предлог текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, кој што беше потпишан во септември.

-Тие се обидоа да направат нацрт соопштение во петок и сабота. Го составија овој документ, но Русија блокира се- изјави Сергејев.

Европските лидери и рекоа на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите во источна Украина, а генералниот секретар Бан Ки Мун минатата недела изрази жалење поради изборите, бидејќи Русија објави дека ќе го признае исходот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион