Изложба „WO-MAN“ на Христина Зафировска во КИЦ

Од:

Во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложбата „WO-MAN“ на академската уметница Христина Зафировска.

– Проектот нуди лична критика на се повулгарната експлоатација на жената во маркетинг-индустријата. Револтот на авторката произлегува од медиумските претстави за предвидената квазифункција на жената во општеството кои вршат секојдневна инфотортура и свесно наметнуваат норми за изглед и однесување, истакнува кураторката на проектот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Зафировска дипломирала сликарство со графички дизајн на Факултетот за ликовна уметности во Скопје. Работи во областа на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото. Активно учествува на локални и регионални проекти и погранични соработки во културата. Дел е од многубројни фестивали, работилници, групни претставувања на Балканот и во светот.

Изложбата „WO-MAN“ во КИЦ ќе биде отворена до 15 ноември.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска