Изложба „Ајде да летаме со магичното килимче“

Од:

Во Културно информативниот центар Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Ајде да летаме со магичното килимче“, инсталација  во материјал обоен сунѓер на академската уметничка Ана Ивановска.

Изложбатаќе биде отворена до 15 ноември годинава.

Ана Ивановска е родена во Скопје во 1982 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. м-р Благоја Маневски, отсек сликарство со насока конзервација и реставрација. Во 2007 година ги завршува испитите за педагошко-психолошка и методска подготовка на истиот факултет. Постдипломските студии на отсек сликарство ги завршува во 2011 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај проф м-р Благоја Маневски.

Член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) и еден од основачите на уметничката група и уметничкиот простор Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. во Скопје во 2009 година, како и еден од седумте членови на групата ‘МОМИ’ основана во 2012 година.

Нејзините дела се претставувани на повеќе самостојни и групни изложби, проекти, перформанси, колонии, уметнички работилници во Македонија, САД, Канада, Франција, Холандија, Данска, Русија, Монголија, Кина, Австрија, Италија, Азербејџан, Чешка, Црна Гора, Косово, Хрватска и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска