Мерцедес го претстави концептот на мал кросовер Г-Код, што како погонско гориво користи водород и електрична енергија.
Концептот премиерно ќе биде претставен кон крајот на ноември на Саемот на автомобили во Лос Анџелес.
Г-Код е долг 4.100 милиметри, широк 1.900 милиметри, а висок 1.500 милиметри во споредба со моментално најмалиот кросовер од Мерцедес, моделот ГЛА е пократок за 32 сантиметри.
Предниот дел на возилото е остро засечен, со доминантна маска на ладилникот и ЛЕД светла во облик на буквата Г.
На задниот дел се истакнуваат ЛЕД стоп светлата кои се визуелно меѓусебно поврзани со светла лента.
Стандардните ретровизори се заменети со две камери, кои се прикажуваат на средишниот екран во внатрешноста на возилото.
Бојата на каросеријата истовремено служи како соларни панел плочи преку кои автомобилот добива електрична енергија на сончево време. Освен тоа, Г-Код генерира електрична енергија преку струењето на воздухот додека возилото се движи.
Енергетската ефикасност се постигнува и преку суспензија, што ја претвора енергијата на движење на амортизерите во електрична енергија.
Во внатрешноста се наоѓа централно поставен екран, што е замена за класичната инструмент табла, додека управувачот е составен од две вертикални рачки. Во кабината има место за четири патници, а секој од нив има сопствено спортски обликувано седиште со специјални безбедносни појаси, што се врзуваат во четири точки.
Мерцедес открива дека Г-Код е опремен со хибриден мотор од турбо единица на водород за предната оска и електромотор за задната оска.