Министерството за здравство со реакција на пресот на СДСМ

Од:

Во врска со одржаната прес конференција на Гоце Чакаровски од СДСМ, Министерството за здравство реагира, а во реакцијата се вели:

Министерството за здравство испрати допис до директорите на јавните здравствени установи, со кој им укажа на начинот на организирање на работното време, согласно претходно одржаните состаноци со Лекарската комора, како и контактите со Синдикатот. Во овој допис е точно утврден начинот на организирање на работниот ден во амбуланта на докторите, по следниот распоред: утрински состанок и визита во времетраење од вкупно 30 минути, период за закажани прегледи во Мој термин – вкупно 6 часови дневно, 1 час за контролни прегледи и 30 минути пауза. За доктори во јавни здравствени установи кои работат 8 часови дневно, предвидено е да бидат креирани 24 термини за преглед дневно, што значи секој преглед трае барем 15 минути.

Со претходниот начин на организирање на работниот ден, времетраењето на прегледот беше утврдено на околу 10 минути, но по одржаните состаноци со претставници на Лекарската комора и синдикатот, со новиот начин на организирање на работниот ден, просечното времетраење на прегледот изнесува барем 15 минути. Во секој случај, и времетраењето од 10 и од 15 минути, е подолго од времето кое досега одредени доктори го поминувале во прегледување пациенти. Целта на ваквиот начин на организирање на прегледите е да се зголеми времетраењето на прегледот на пациентите, а не да се намали!

На овој начин, се спречува можноста докторите за многу пократко време да го прегледаат пациентот, односно да не посветат доволно време и внимание при вршење на прегледот. Ова е констатирано со анализа на податоците во системот МојТермин, со која се утврди дека одреден број доктори реализирале и по 40-50 амбулантски прегледи во денот, што во споредба со траењето на работното време покажува дека на пациентите им посветувале многу помалку од 10 минути, а не пак 15 минути како што се препорачува.

Во врска со неоснованите критики за системот МојТермин, само за потсетување, претставници на Свестската здравствена организација на секоја поголема конференција го споменуваат МојТермин како позитивен пример како треба да изгледа еден здравствен информациски систем.

Исто така, и Црна Гора, Романија, Литванија и Полска на презентацијата на системот во Истанбул во 2013, упатија пофалби за начинот на имплементирање на МојТермин, поради што се разменети искуства со нив во насока на можно имплементирање на овој систем во овие држави.

Европскиот провајдер Health Consumer Powerhouse кој извршува детален мониторинг и споредба на здравствените системи на 35 земји, и кој го изработува Euro Health – Consumer Index 2013, за користењето на електронските здравствени системи го споменува следното: Во електронското здравство, одредени земји (најизразено Република Македонија) прикажаа софтверски решенија кои се уште се реткост во Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски