ДОМ: Разочарани сме од владата што му дозволи на Југохром да работи

Од:

Каолициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ партијата ДОМ е разочарана од одлуката на Владата да му дозволи на Југохром да работи без да ги воведе потребните филтри и да ги запази еколошките стандарди.

Од партијата ДОМ побараа тетовското Јавно обвинителство да почне да ја обработува кривичната пријава кои тие летово ја поднеле против Југохром поради непочитување на законот за заштита на животната средина.

Соопштението на ДОМ ви го пренесуваме во целост:

По истекот на продолжениот рок за еколошко прилагодување, може да се каже: добро е што Макстил привремено затвори и Скопје се спаси, ама Тетово и Битола останаа во смог!

ДОМ е крајно разочаран од одлуката на Владата да му дозволи на Југохром да продолжи да работи без еколошки стандарди, оставајќи го Тетово да биде најзагадениот град во Македонија. Не веруваме дека менаџментот на Југохром воопшто има намера да набави еколошка опрема и стравуваме дека само сака да купи време, да го собере профитот без дополнителни инвестиции во опрема и по две години да си замине, оставајќи ги работниците без работа, а Тетовчани без здравје.

Разочарани сме што Владата не остана на ставот од Министерството за животна средина дека сите загадувачи што не се прилагодиле еколошки не смеат да работат по 31 октомври. Го повикуваме Јавното обвинителство на Тетово да ја земе во обработка кривичната пријава што ДОМ ја поднесе летово против Југохром, поради непочитување на Законот за заштита на животната средина.

Истовремено, ДОМ потсетува и на проблемот со РЕК Битола, кој не беше врзан со рокот од 1 април 2014, но тоа не значи дека му е дозволено да загадува и да го разболува градот и околината. Тоа е државна фирма и на државата треба да и биде приоритет еколошкото прилагодување на овој стратешки енергетски капацитет, поради што бараме итно вложување во еколошка опрема во РЕК Битола.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси