На регионалниот пат Маврови Анови-Маврово, нема да се одвива сообраќај во наредниве десетина денови заради асфалтирање и изведување на градежни работи, информираат од СВР Тетово.
На делницата од брана до село Маврово, од утре до 12-ти овој месец ќе се изведуваат градежни работи, на целата широчина на патот ќе се поставува нов асфалт.
– Асфалтирањето ќе се врши од 9 до 17 часот и на овој потег воопшто не ќе биде можно одвивање на сообраќајот. Поради тоа, сите кои ќе патуваат кон Маврово ќе треба да го користат другиот патен правец преку Леуново и Ниќифорово, велат од СВР Тетовo и апелираат до возачите, целосно да се придржуваат кон изменетиот режим на сообраќај кон Маврово.