Тешка победа на Вардар на гостувањето кај Подравка

Од:

Ракометарките на Вардар ја забележаа втората победа во Лигата на шампионките.

На гостувањето во Копривница, Хрватска, македонските шампионки ја победија Подравка со 27:26, полувреме 13:11.

До триумфот црвено-црните ги предводеше одличната Нина Суслина која имаше 16 успешни одбрани. Во нападот, Андреа Лекиќ постигна 7, а Андреа Пенезиќ 6 гола.

Веќе следната недела (9 ноември) во Скопје, Вардар и Подравка ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.

Во првиот натпревар од Б групата, екипата на Будуќност на гости во Германија го победи Турингер со 27:22.

На табелата води Будуќност со 6 бодови, пред Вардар  кој има 4, Турингер 2, а Подравка е сеуште без освоен бод.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска