Најмалку 48 лица загинаа, а над 70 се повредени во самоубиствен напад на границата меѓу Пакистан и Индија, соопшти локалната полиција, пренесува ДПА.
Нападот се случил за време на редовна церемонија за симнување на националното знаме на границата во близина на пакистанскиот град Лахор.
Според полициски портпарол на церемонијата учествувале над илјада луѓе. Меѓу загинатите има најмалку двајца членови на пакистански паравоени единици, познати како Ренџери.
Постои можност бројот на жртви да се зголеми, бидејќи голем дел од повредените се во критична состојба.
Засега никој не презема одговорност за нападот, што е еден од најкрвавите во изминатите неколку месеци во Пакистан.