„Шпигел“: Британија се приближува до точка од кој нема назад со ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека Британија се приближува до точка од која нема враќање со ЕУ, поради неговите предлози за имигрантите, пишува денеска германскиот неделник „Шпигел“.

Според германскиот весник, Меркел на маргините на самитот на ЕУ минатиот месец, му порачала на Камерон дека неговите чекори за ограничување на правата на мигрантите од земјите членки на унијата, ги поткопуваат основните принципи на европската унија и дека доколку продолжи со таквата политика Германија повеќе нема да се бори да ја задржи Британија во Унијата.

– За прв пат, Кемерон ја турка својата држава кон точка од која нема назад во однос на членството во ЕУ, сметаат германската канцеларка и министерството за надворешни работи, наведува „Шпигел“, повикувајќи се на неименуван извор од германската Влада.

Доколку Камерон воведе квота за граѓани од ЕУ што влегуваат во Велика Британија, тогаш тоа ќе биде крајот, пренесува неделникот изјава на извор од германската Влада.

Според „Шпигел“ во разговорот Меркел и Камерон речиси и да не разговарале за спорното барање на ЕУ Британија до 1 декември во буџетот на унијата да уплати 2,1 милијарда евра, што Лондон го одбива.

Камерон во минатонеделното обраќање пред британскиот парламент изјави дека парите кои се бараат, како и краткиот рок, за Британија се неприфатливи.

Конзервативната партија на британскиот премиер се залага за сузбивање на имиграцијата во земјата, соочена со зголемен притисок од британската Партија за независност, ориентирани против ЕУ, пред изборите во земјата.

Камерон, исто така, прифати одржување на референдум за членство на Велика Британија во ЕУ во 2017 година, доколку победи на општите избори во мај.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ