Повеќекратното снимање претставува ризик за здравјето на населението

Од:

Употребата на зрачење во медицината доведе до големи подобрувања во дијагнозата и третманот на болестите кај луѓето, но нивната несоодветна употреба може да доведе до непотребни или ненамерни дози на зрачење и може да предизвика потенцијални здравствени проблеми кај пациентите и персоналот.

Ова го истакна на денешната прес-конференција  раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита, д-р Јованка Костовска, укажувајќи на потребата за заштита на здравјето, преку спречување на можните штетни ефекти од прекумерните и непотребни радиолошки дијагностички прегледи.

Повод за денешната средба, како што нагласи таа, се податоците од Мој Термин кои покажуваат дека вкупно 42.638 пациенти извршиле компјутерска томографија (КТ снимање) во рок од една година.

– Загрижува податокот дека дел од овие пациенти направиле повеќе од едно снимање, како на пример: двајца пациенти направиле по 9 КТ снимања во тек на една година, шест пациенти – по 8 снимања, 15 пациенти – по 7 снимања, 26 – се снимиле шестпати, 67 пациенти-петпати, 256 пациенти – четирипати, 878 пациенти-трипати се снимиле во текот на една година, голем број- 4.707 се снимиле двапати во годината, а останатите по еднаш, рече Костовска.

Со цел да се избегне повеќекратното снимање, кое претставува ризик за здравјето на населението, како што нагласи, потребно е докторите да го почитуваат донесеното Упатство за начина на упатување на дијагностички процедури за радиолошка дијагностика и начинот на издавање резултат за рендген дијагностика, компјутерска томографија, магнетна резонанца и мамографија. Упатството претставува водич за докторите за начинот на упатување и избор на видот на дијагностичките испитувања од областа на радиологија и нуклеарна медицина.

Во таа насока, упати апел до докторите-специјалисти да се придржуваат до Упатството и да ги искористат и останатите дијагностички методи, кои не го загрозуваат здравјето и на КТ снимања да бидат упатуваат пациенти само доколку е навистина медицински индицирано и неопходно, согласно медицина базирана на докази, при тоа имајќи ги во предвид бројот претходните радиолошки снимања.

Костовска апелираше и до граѓаните да не инсистираат кај докторите за рендген снимања, туку да веруваат на докторот и да дозволат лекарот да постапи согласно стручната проценка.

– Неговите штетни ефекти се забележуваат по неколку години кај пациенти но и кај здравствен персонал, поради што почнуваат да се превземаат интензивни мерки за заштита. Рендген зраците предизвикуваат кинење на врските на молекулите при што доаѓа до оштетување на клетките и ткивата. Негативните ефекти се одразуваат во вид на оштетување на кожа, коскена срж, појава на леукемија и карцином, оштетување на очите, капиларите.., рече Костовска.

Додаде дека редген зраците имаат и тератогено дејство т.е штетно делуваат на фетусот кај бремената жена, со појава на конгенитални малформации на плодот, а кај новородено успорен раст и развој како и појава на малигнитет во детството

– Појавата на малигните заболувања што се во подем во светски рамки, како и во Македонија, се доведува во корелација со генетските фактори,и нездрав начин на живот, но во исто време и со влијанија на надворешните ризик фактори, меѓу кои се вбројува и прекумерното јонизирачко, односно рендген зрачење, истакна таа, додавајќи дека студии кои се правени САД укажуваат на можна корелација со прекумерно рендген зрачење кај 1,5 проценти од заболените од малигни заболувања.

Светската здравствена организација, како што рече, спроведува глобална иницијатива за радијациска безбедност, иницирајќи општа мобилизација на здравствениот сектор во насока на безбедна и ефективна примена на радијацијата во медицината, со акцент на заштита на јавното здравје и бенефитите од од примената на радијацијата во медицината.

– Токму затоа при применување на радиолошки дијагностички постапки, не смееме да ги заборавиме потенцијалните штетни ефекти од јонизирачкото зрачење. Истите треба да бидат изведени само доколку е медицински индицирано и неопходно, врз база на медицина заснована на докази, со примена на сите потребни мерки за заштита. Посебно внимание и избегнување на овие зрачење се препорачани кај децата и бремените жени, како посебно вулнерабилни групи, рече меѓу другото Костовска.

Според неа, посебно внимание треба да се посвети на примената на компјутерска томографија, каде степенот на зрачење е повеќекратно зголемен во однос на рендгенскиот преглед. 

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски