Кривични пријави за осум лица за криумчарење мигранти

Од:

Во изминативе неколку дена во четири одвоени случаи на криумчарење мигранти МВР до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против осум лица за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“, и притоа судија на претходна постапка на четворица од пријавените им изрече мерка притвор во траење од по осум дена, а на двајца мерка притвор во траење од по 30 дена. Во рамки на случаите откриени се 21 илегален мигрант, сите од Сирија.

Како што информираат од МВР, во првиот случај кривичнопријавените С.Л. (43) и М.В. (47) и двајцата од Богданци на 27.10 по претходен договор со две возила (“лада самара“ и “хундаи гец“) во близина на фабриката за приколки на АД Млаз – Богданци прифатиле 13 илегални мигранти од кои три малолетни деца со намера да ги превезат до КУманово (осум лица во возило “лада самара“ и пет лица во возило “хундаи гец“).

Во вториот случај пријавениот Ќ.А. (40) од Скопје со возило марка “голф 4“ со италијански регистарски таблички вчеравечер е сопрен од полициски службеници на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино при што во возилото се откриени петмина сириски државјани кои илегално од Грција влегле во државава со намера да стигнат до кумановско.

Потоа во третиот случај кривично пријавени се спрските државјани К.Н. (23) К.Г. (47) и Ф.С. (49) сите од Бујановац, Србија, како и македонската државјанка В.Б. (38) од Куманово. Пријавените кои се превезувале со патничко моторно возило “алфа ромео“ со српски регистарски таблички биле сопрени од страна на полициски службеници од ПС за БПС Петровец, на автопатот Велес-Скопје, поточно кај клучката Катланово, при што во возилот биле затекнати и двајца сириски државјани без регулиран престој во државава. И во четртиот случај кривично пријавен е Д.Т. (32) од Куманово кој со возило “рено 4“ од центарот на градот прифатил еден сириски државјанин со намера за паричен надомест од 50 евра да го однесе до село Лојане.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ