Полициска контрола на автобуси, такси комбиња и автомобили во тетовско

Од:

Полицијата при вчерашната акциска контрола на 60 возила – автобуси, такси комбиња и такси автомобили во Тетово забележа 37 прекршоци,  информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, 42 од овие возила кои вршат јавен превоз на патници биле упатени на вонреден технички преглед, при што осум од упатените не се јавиле поради што ќе бидат казнети со по 400 евра во денарска противвредност.

– Од останатите прекршоци четири возила биле технички неисправни, пет биле со неисправна или непотполна опрема, во четири случаи имало неносење појас, истечена дозвола била забележана во пет случаи, претовар и неносење на сообраќајна дозвола во по еден случај итн. За санкционирање на прекршоците изготвени се пет покани за наплата на глоба, а за сите други се изготвени платни налози, изјави Јосифовски.

Тој посочи дека ова е втора контрола на автобуси, комбиња и такси возила кои се занимаваат со јавен превоз на патници со иста цел и содржина – за подигање на безбедноста на патниците и воопшто безбедноста на сообраќајот во тетовско.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје