Колку долго бебето го учи својот прв збор?

Од:

Бебињата почнуваат да го развиваат говорот мошне рано, а веќе во шестиот месец голем дел од тоа што им го зборувате можат целосно и да го разберат.

До својот прв роденден бебињата најмногу се фокусираат на изговорот на зборовите, кои најчесто ги слушаат.

Бебињата, слушајќи ги родителите се фокусираат на зборовите, кои им изгледаат поедноставни за изговарање и докажано е дека бебешкиот мозок се обидува да сфати како правилно да се изговори зборот.

Со неинванзивно снимање е утврдено дека делот од мозокот на детето, задолжен за планирање на движењето на говорот е активен кога ги слуша своите родители како зборуваат.

Родителите за време на тестирањето наизменично говореле на мајчиниот јазик и на шпански. Кај бебињата од седум месеци деловите во мозокот задолжени за говорот се активирале кога ќе го слушнеле родителскиот глас без разлика на јазикот, кој тогаш го зборувале. Кај децата постари од седум месеци забележана е зголемена активност на набљудуваните подрачја во мозокот, кога родителите говореле на мајчиниот јазик.

Целта на ова истражување била да им се укаже на родителите на важноста од разговор со бебињата уште од првите денови на нивниот живот. Детето го развива својот мозок, со тоа што ги слуша најблиските, а со зборувањето детето го подготвувате за првите зборови, кои ќе ги изговори. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска