Специјалниот претставник на ЕУ во БиХ го напушти Сараево

Од:

Данскиот дипломат Петер Соренсен, чиј мандат како специјален претставник и шеф на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина истекува денеска, си замина од Сараево и покрај тоа што се уште не е именуван негов наследник.

Соренсен беше назначен на функцијата од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештин во 2011 година. Целта на ЕУ беше Соренсен да помогне во забрзувањето на интеграцијата на земјата во Унијата, а во неговите надлежности влегуваше и правото да изрекува санкции за босанските политичари, доколку тие им пречат на реформите. Данскиот дипломат ниту еднаш не го искористи тоа право.

Заедно со раководењето на делегацијата на ЕУ во БиХ, Соренсен ја презеде и функцијата специјален претставник на Унијата, чии задолженија дотогаш ги извршуваше високиот претставник на меѓународната заедница Валетин Инцко.

Во трите години од неговиот мандат не беше постигнат никаков напредок во решавањето на двата клучни проблеми, кои и пречат на земјата да добие статус на кандидат за членство во Унијата.

Поради конфликтот меѓу политичките партии не беше постигната спогодба за механизмите за координација на односите со ЕУ и за имплементирање на пресудата на Европскиот суд за човекови права, која се однесува на учеството на малцинствата во државните институции.

Од Сараево Соренсен заминува во Женева, каде ќе ја преземе должноста претставник на ЕУ во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски