Годинешнава „Ноќ на вештиците„ најтопла во британската историја

Од:

Годинешнава „Ноќ на вештиците“ во Велика Британија поминува во услови на рекордно високи температури, забележани во некои делови од земјата.

Како по традиција, времето за Денот на мртвите (Халовин) во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, е студено, најчесто со ситен дожд каков обично врне на Британските Острови и со магла по долините, што ги тера луѓето да не излегуваат и да останат дома.

Температурите во такви услови, обично, се околу десетиот степен или најчесто под тоа ниво.

Оваа година дождот и лошото време ја одбегна Велика Британија, а посебно југот на земјата, каде денес се измерени рекордно високи температури, за ова време од годината.

Во делови од англиската област Кент, на британскиот југоисток, температурата се искачи до 23,5 степени Целзиусови, што е највисоко измерена темпретаура на Халовин во британската историја.

Досегашниот рекорд изнесуваше 20 степени и е измерен во 1968 година, во Кент, а повторен уште еднаш во 1989 година, во поширокото подрачје на Лондон.

Метеоролозите не се изненадени од високата температура, која ги натера луѓето, наместо дома, времето да го минуваат надвор и во прошетки, затоа што целета оваа година во земјата температирите се повисоки од оние вообичаените.

По долгата и студена зима, Британските Острови, а посебно Англија и југот на земјата имаа долго, топло и суво лето.Температурите во Лондон и есенва се повисоки од обично и не ретко беа над просекот на југот од Европа, каде многу често изминатото лето повеќе, наликуваше на британското, отколку на она типично за Медитеранот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on