МНТ денеска објави дека за студенти претставите во четврток ќе бидат бесплатни.
Според интерент страницата на МНТ, во ноември во четврток се игра само претставата „Сомнително лице“ на 6. и „Електра“ на 20 ноември. Сите други 8 претстави од репертоарот на театарот се играат во другите денови. Распоредот на претстави за декември се уште не е достапен на официјалната интерент страница.
„На студентите им даваме можност без надомест да ги посетуваат претставите, кои се во продукција на НУ Македонски народен театар, а се на репертоарот секој четврток. Од плаќање влезници целосно се ослободуваат децата без родители од 18 години, и 50% ослободување од плаќање влезници за лицата, кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители“, се вели во соопштението од МНТ.
А.Б.