Американскиот ТВ канал „Фокс Њуз“ најави дека од почеток на ноември ќе емитува ексклузивно интервју со човекот, кој лично го убил Осама бин Ладен, во тек на акција на напад на куќата во која се криел лидерот на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда.
Јавноста ќе има можност за прв пат да го види оперативецот, кој реши да зборува за деталите од акцијата, која што се одвивала во 2011 година во градот Аботабад, на север на Пакистан.
Документарецот кој што е наречен „Човекот кој го уби Осама бин Ладен“ е исповед на оперативецот, за кого е откриено само дека е припадник на американските фоки, а кој тврди дека го испалил пресудниот куршум во лидерот на Ал Каеда.
Инаку во емисијата е посветено внимание и на тренинзите на таа елитна антитерористичка единица, некои други нивни интересни акции, но и на несреќата на воениот хеликоптер која се случи ноќта пред убиството на Осама бил Ладен.
Во соопштението на „Фокс Њуз“ се наведува дека филмот ќе открие како изгледале последните моменти на најбараниот терорист и што се случило непосредно пред да биде почине.
Интересен е фактот што во јавноста веќе постојат сведочења на специјалци, кои исто така тврдат дека токму тие го убиле Бин Ладен.
Меѓу нив е и пензираниот припадник на фоките Мет Бисонет, кој во детали опишува како во мај 2011 година го убил најбараниот терорист во светот.
Целата акција Бисонет ја опишал во својата книја „No Easy Day” во која прецизира дека пукал во главата на Бин Ладен.
-Крв и делови од мозокот имаше околу неговата глава. Додека се уште смртта не го победи, телото му се свиткуваше во грч- напишал Бисонет и додал дека тој и еден негов соборец испалиле уште неколку рафали во градите на шефот на Ал Каеда.
Е. Г.