Храна од инсекти во холандските супермаркети

Од:

Традиционалната листа на прехранбени производи, на која најчесто се наоѓаат лебот, млекото и млечните производи, во Холандија наскоро би можела да се промени, бидејќи ланецот супермаркети „Џамбо“, најави дека оваа недела ќе ги лансира првите производи од инсекти.

Потрошувачите во супермаркетите во два града на север на Холандија ќе можат да купат топчиња, бургери и чипс од бубачки, а компанијата планира од почеток на идната година, производите од инсекти да ги изложи во уште 400 маркети ширум државата.

-Инсектите кои што се јадат не само што се здрава храна, туку се и одржлива опција- вели портпаролката на „Џамбо“, Лора Валкс.

Иако одредени производи кои во својот состав содржат инсекти веќе може да се најдат во големите холандски продавници, а „Џамбо“ е првиот национален ланец на супермаркети, кој ќе понуди производи од црви, тврдокрилци и ларви од молци, по цена од 5,95 до 6,79 евра за порција.

Чипсот од бубачки ќе биде достапен во две варијанти, солен и со вкус на пиперка.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), апелирајќи до потрошувачите во западните држави, да ја надминат одбојноста при конзумирање на инсектите, наведеува дека тие би можел да бидат добар еколошки прифатлив извор на храна.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ