Корисниците лоцирани на улицата „Орце Николов“ во централното градско подрачје утре од 9:30 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е заради уличен дефект на ул. „Орце Николов“ бр.74, а корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не го отстранат дефектот.