Тешкa сообраќајна несреќа се случи денеска на патот за дебарското село Могорче, кога камион на ЈП „Македонија пат“ се преврте при што тешко е повреден возачот на камионот.
– Во нашата болница со возило на итната медициска помош беше транспортирано лицето Ѓ.П. (48) од Велес, со компресивна фрактура на лумбален пршлен, фрактура на три ребра, како и набиеници. По направените ренгенски снимки и дадената потреба медицинска помош, повредениот е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје, изјави доктор Баки Алили, директор на Општата болница во Дебар.
Според него повредениот бил во свесна состојба.
ЈП „Македонија пат“ е ангажитрано во реконструкцијата и проширувањето на патот кон селото Могорче и во делот кај што се случила собраќајката камиони на претпријатието носеле материјал за тампонирање на патот.