(ВИДЕО) Трајановски: Би одел на работа со автобус, зошто да не

Од:

Во услови кога Скопје се дави во загаден воздух и се предлагаат мерки за справување со опасните PM10 честички, никој од јавните функционери на работа не доаѓа со автобус или велосипед.

Една од мерките која се разгледува за справување со загадениот воздух е воведувањето на пар-непар за автомобилите кое би се водело по регистарските таблици.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски рече дека во иднина можно е на работа да доаѓа и да си оди со автобус, пракса која во западноевроспките земји е нормална појава, а градоначалници на многу поголеми градови или возат велосипед или пешачат.

„Да зошто да не. Град Скопје е ретка институција која стимулира возење на велосипед. Вработените што доаѓаат со велосипед или со автобус на работа имаат три отсто повеќе плата“, изјави Коце Трајановски.

Скопје постојано според мерните единици на Министерството за животна средина има многу загаден воздух која е во црвена алармантна фаза.

PM10 честичките кои се опсани по здравјте на луѓето во одредени периоди се неколкупати повеќе присутни во воздухот од пропишаната вредносна граница.

Би можело да ве интересира

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он