Ставрески: Индустријата девет месеци континуирано има раст

Од:

Растот на индустриското производство во септември годинава од 9,1 отсто според вицепремеирот и министер за финансии Зоран Ставрески е исклучително добар резултат и уште една потврда дека македонската економија добро заздравува и оти ќе може да се оствари планираната стапка на раст на економијата од најмалку 3,5 проценти.

– Во денешно време кога во Европа речиси да нема раст на индустријата и на економијата, секоја стапка на раст е добра, а посебно од 9 проценти во Македонија е исклучително добар резултат и уште една потврда дека македонската економија добро заздравува оваа година, изјави Ставрески на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека растот е на широка основа во индустријата и оти има пораст во речиси сите стопански гранки и во оние кои работат во индустриските зони, но и надвор од нив.

– Растот на индустријата е столб на економскиот раст и фактот дека девет месеци имаме позитивни стапки, солиден раст и на градежништвото и на услугите и на земјоделството, е потврда дека ваква поставените политики ги даваат резултатите и очекуваме тоа и во иднина да продолжи, особено дека во Европа постепено работите ќе се стабилизираат, истакна министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата