Израел ја означи денеска како негативна одлуката на Шведска да ја признае палестинската држава.
Според Израел оваа одлука само ќе ги зајакне екстремистичките елементи во регионот.
– Тоа е негативна одлука која ги зајакнува екстермистичките елементи и политиката на отфрлање, водена од Палестинците, изјави израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман.