Научниците се обидуваат да го дешифрираат мистериозниот „Фестски диск“ уште кога четири илјади години стариот предмет е пронајден во 1908 година на Крит, пишува „Хафингтон пост“.
Меѓутоа, никој досега не успеа да го дешифрира мистериозниот јазик кој бил изрезбан во дискот.
Гарет Овенс кој го проучувал оводј диск откри не само како звучел овој јазик, туку и неговата смисла.
– Во соработка со Џон Кулмен, професор по фонетика од Оксфорд, поминавме последните шест години во обид да ги дешифрираме речениците на дискот, изјави Овенс.
Дискот може да се чита во спирална насока, од надворешната страна на обрачот кон внатрешната, а со користење на податоци на претходни студии во врска со хиероглифите на Крит, научниците успеале да идентификуваат три клучни зборови:
– IQEKURJA – што значи „бремена мајка“ или „божица“.
– IQE – што значи „мајка“ или „божица“. Овој збор непрекинато се појавува на дискот.
– IQEPAJE или IQE – PHAE- што значи „Блажена мајка“ или “божица“.
Врз основа на преведените зборови, Овен смета дека во дискот има молитва на божица.
– Се сомневаме на божицата мајка речиси цел еден век врз основа на работите кои мислиме дека знаеме оти се во врска со Минојската цивилизација, но целта е лигвистички тоа да го покажеме, заклучи Овенс.