„Музикономија“ – најнов труд на Димитрије Бужаровски

Од:

Во издание на Факултетот за уметности во Ниш и Центарот за научноистражувачка работа на САНУ деновиве во Србија излезе теорискиот труд „Музикономија“ на д-р Димитрије Бужаровски, кој денеска ќе биде промовиран на Саемот на книгата во Белград.

Ова е трето дело кое авторот го објавува во Србија во изминатите две години, по „Истражувачки методологии“ и „Историја на естетиката на музиката“.

Музикономијата е термин кој д-р Бужаровски го воведува  како паралелен на економијата и кој ги покрива областите на економијата, менаџментот и маркетингот на музиката.

Неговиот најнов труд е меѓу ретките кој на системски начин го дефинира подрачјето,  клучните концепти и низ голем број примери од современата музичка култура, значењето и врската на  музиката со економијата.

„Музикономијата“ и „Историјата на естетиката на музиката“ ќе бидат промовирани денеска на Саемот на книгата во Белград, на штандот на Центарот за промоција на науката.

На 6 ноември ќе има и промоција во Ниш, на која воедно ќе биде праизведено делото на Димитрије Бужаровски Кабаре оп. 62б  за трио хармоники. 

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска