На средбата во Брисел не се постигна договор за гасот меѓу Русија и Украина

Од:

На трилатералната средба во Брисел за гасот синоќа не беше постигнат договор. Се очекува преговорите меѓу Украина и Русија со посредство на ЕУ да продолжат денеска, изјави извор близок до преговорите.

Главниот спор е прашањето за финансиската поддршка на ЕУ за Украина, за да може Нафтогаз да исплати дел од долгот кон Газпром и да ги плаќа авансно новите порачки, истакна изворот.

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер прави се што е можно да издејствува договор за да ги гарантира испораки за Европа на рускиот гас, што транзитира преку Украина.

Преговорите биле прекинати кон четири часот утрово и веројатно ќе бидат обновени доцна попладнево.

Би можело да ве интересира

Русите отвораат нов фронт: „Одлуката е веќе донесена“

Сијарто: На Трамп не му требаат посредници за да се обиде да го реши конфликтот во Украина

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Пожар во притвор во Русија: Има мртви