А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МТСП: Храната во народните кујни постојано се контролира

by А1он29/10/2014 - 15:36246
Share0

Системот на контролата врз квалитетот на храната која се дели во народните кујни потполно и навремено функционира. И во овој случај контролата е направена и веднаш после сознанието дека доставената храна до народните кујни е со несоодветен квалитет, таа е повлечена и заменета со соодветна исправна храна, се вели во ракцијата на Министерството за труд и социјална полтика на прес-конференција на СДСМ на која партијата обвини дека во народните кујни се дели расипана храна.

Добивај вести на вибер

Во реакцијата се додава оти само во народната кујна во општина Бутел храната била поделена на дел од корисниците, но не била искористена, туку била заменета со нова дополнителна количина како замена.

– Центарот за социјални работи – Скопје веднаш интервенираше во рамки на своите надлежности да ги заштити корисниците во народните кујни. Имено, храната во сите народни кујни во Македонија се приготвува според листа на јадења и нормативите и стандардите за подготовка на топол оброк и пакет оброци согласно Ориентациони норми за приготвување на топол оброк – ручек за проектот „Народни кујни“ и Ориентациони норми за ладен оброк ланч-пакет за проектот „Народни кујни, како и Листи на јадења изработени од Републичкиот завод за унапредување на домаќинството. Редовно изработува и доставува листи на јадење согласно годишната сезона во кои се води грижа за соодветна процентна застапеност на групите на прехранбени производи кои се потребни за задоволување на енергетските и нутритивни потреби за топол и пакет оброк, се посочува во реакцијата од МТСП.

Од Министерството истакнуваат дека контролата на квалитетот и квантитетот на храната во Народните кујни редовно се следи и за сите забележани неправилности се преземаат соодветни мерки за надминување на истите.

– Тоа што Царовска не го знае како претседател на партиска комисија е дека народната кујна е модел на Владата, кои се применува во многу други земји како помош за најзагрозените категории на граѓани. Народната кујна треба да ги задоволи нивните дневни потреби за правилна исхрана. Оваа Влада до сега на територијата на Република Македонија отвори 46 Народни кујни и тоа како во урбаните, така и во руралните средини, се вели во реакцијата.

Во неа се напоменува дека оваа Влада ја зголеми социјалната парична помош за 47 проценти и оти ќе ја зголеми за 5 проценти за следната година.

– Секогаш кога СДСМ говори за социјални категории, за нивна помош, граѓаните го разбираат тоа како најтешко лицемерие. Бидејќи во најголем дел, оваа партија ги создаде како социјални случаеви, а сега ги исмејува преку невозможни понуди, се истакнува во реакцијата од МТСП на прес-конференција на СДСМ.

transport

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Предраг Петровиќ19/03/2025 - 16:54

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска11/06/2023 - 12:37

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска10/06/2023 - 16:0610/06/2023 - 16:07

ВИДЕО: Петти месец хаос на Плетвар, асфалтирањето треба да заврши за две недели

Маја Илиевска-Пачемска14/10/2022 - 19:2214/10/2022 - 19:24

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Ѓуровски15/01/2022 - 18:1215/01/2022 - 18:16

„Помолете се пред да го поминете“, мостот Пресека на патот Кичево – Охрид во очајна состојба

А1он04/01/2022 - 22:5305/01/2022 - 08:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен