ВМРО-ДПМНЕ: Подршка за механизмите за зајакнување на исплатата на минимална плата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува имплементација на Законот за минимална плата, со што минималната плата од 1 јануари 2015 година ќе инесува 9.590 денари, додека во 2016 – 10.080 денари. На денешната прес-конференција пратеникот Благоја Деспотовски најави подршка и за законските измени со кои се заоструваат санкциите за неисплаќање на минимална плата за работодавачите, како и на механизмите со кои се зајакнува исплатата на минимална плата.

– Како пратеници ќе дадеме максималната поддршка на законските измени кои веќе се во собраниска процедура, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика со кои се заоструваат санкциите доколку работодавачот не ја исплати минималната плата утврдена со законот. Доколку Државниот инспектор за труд утврди дека работникот добил износ помал од законски предвидениот, должен е да го опомене работодавачот да ја исплати минималната плата во рок од седум дена, а доколку и тоа и не случи, да му изрече глоба на работодавачот во висина од 8.000 до 9.000 евра, изјави Деспотовски.

Потсети дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 84-тата седница на Собранието одржана во февруари 2014 година едногласно ги донесе измените на Законот за минимална плата во Република Македонија со што тогашната минимална плата од 8.050 денари се зголеми на 8.800 денари.

– Исто така, со овие измени се донесе и континуирано зголемување на минималната плата до 2016 година така што, во 2015 година минималната плата треба да изнесува 9 590 денери, додека во 2016 година минималната плата треба да изнесува 10.080 денари, рече Деспотовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата